Балкан
Славиша Кокеза си поднесе оставка од ФС Србија, се местат коцките за Немања Видиќ

Досегашниот прв човек во Фудбалскиот сојуз на Србија, Славиша Кокеза и официјално си замина од функцијата.
Кокеза кој пред околу еден месец беше приведен на информативен разговор под сомнеж дека имал блиски релации со „касапот од Белград“, Велјко Беливук, денеска и официјално ја поднесе својата неотповиклива оставка.
Славиша Кокеза на чело на Фудбалскиот сојуз на Србија е од мај 2016 година, а во негово време репрезентацијата на нашиот северен сосед играше на Мундијалот во Русија во 2018 година.
Последните години се турбулентни за репрезентацијата на Србија која не успеа да избори пласман на Европското првенство што ќе се одржи ова лето.
Заминувањето на Кокеза ширум ја отвора вратата за Немања Видиќ, поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед кој јавно изрази подготвеност да седне на челната позиција во Фудбалската федерација на Србија.

- Англијапред 23 часа
Летна и првата глава по неуспехот на Супер лигата, навивачите на Манчестер Јунајтед во транс
- Светпред 24 часа
Европската лига се распадна како кула од карти по само два дена: Вечерва клучен состанок за откажување
- Англијапред 22 часа
Сунес со остар коментар: Девет месеци имаа состаноци со другите директори, Вудвард е само почетокот (Видео)
- Италијапред 22 часа
Италијанските новинари едногласни за статусот на Ањели во Јувентус
- Светпред 12 часа
Румениге му одржа лекција на Перез како најголем поборник на Супер лигата
- Лига на шампионипред 22 часа
Перез за „Лекип“: Не сме загрижени, ќе го реализираме проектот Супер лига
- Светпред 12 часа
Пике со прва реакција откако шесте англиски премиерлигаши го „закопаа“ проектот на Флорентино (Фото)
- Англијапред 20 часа
Официјално: Сите англиски клубови се повлекуваат од Супер лигата