Поврзете се со нас

Лига Европа

Славија објави видео за третманот на „Ајброкс“: УЕФА мора да го види ова (Видео)

Објавено

на

blank

Славија Прага успеа да го елиминира Глазгов Ренџерс, откако го победи шкотскиот тим на гостински терен (0:2) и се пласираше во четвртфиналето на Лига Европа.

За време на натпреварот, фудбалската јавност беше шокирана од стартот на домашниот фудбалер Кевин Руф, кој брутално влезе со копачката во лицетот на голманот на чешкиот ривал, Ондреј Колар.

Ренџерс доби и втор црвен картон, а по многу провокации на теренот, домаќините очигледно решиле до крај да ги „малтретираат“ фудбалерите на Славија, па им подготвија уште неколку изненадувања по мечот.

Гостите половина час не можеле да влезат во својата соблекувална, а Чесите обвинија дека нивни фудбалери биле и нападнати во тунелот кој води до соблекувалната.

Славија објави видео со порака дека УЕФА мора да види што се случувало, а престојот во Глазгов го помина со силна полициска придружба поради сите конфликтни ситуации.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни