Поврзете се со нас

Англија

Славеникот Алварез си обезбеди роденденски подарок, Тотенхем со импресивен пресврт до три бода (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити ја продолжува потерата кон лидерот Ливерпул и запиша нова победа во Премиер лигата, четврта во низа за тимот на Пеп Гвардиола по ремито со Кристал Палас.

Хулијан Алварез си обезбеди подарок и беше навистина посебно инспириран по повод 24-от роденден, па со два гола во раната фаза ја најави победата на фаворитот против тимот на Барнли.

По првиот гол за кој му асистираше Нунес, Алварез постигна и втор брилијантен по додавање на Де Брујне од слободен удар, а на самиот старт на вториот дел стана јасно дека бодовите остануваат дома.

Акцијата која ја иницираше Де Брујне заврши со одличен гол на Родри, па водството од 3:0 во првите секунди од второто полувреме и дефинитивно го откажаа Барнли. Избраниците на Венсан Компани во судиското продлжение постигнаа само почесен гол, со кој Ал Дакил ги постави конечните 3:1.

За разлика од мечот во Манчестер каде се беше еднострано, во Северен Лондон беше далеку повозбудливо, бидејќи Брентфорд поведе кај Тотенхем, но на крајот претрпе пораз.

Мопеј погоди за 0:1 и водство на гостите, но стартот на вториот дел донесе експлозија од избраниците на Постекоглу бидејќи во десет минути беше направен целосен пресврт. Удоги, Џонсон и Ришарлисон во десет минути го свртеа мечот, но Брентфорд не се откажа и намали на 3:2 преку повратникот Тони.

Напаѓачот ја искористи голема грешка на Удоги, но неговиот гол сепак не беше доволен барем за бод и избегнување пораз во Северен Лондон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни