Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Слалом на сезоната во ЛШ: Олис нанижа пет дефанзивци, па го издрибла и голманот пред да постигне гол (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBayern

Баерн Минхен настапи без голем број повредени фудбалери против Шахтјор Доњецк во Лигата на шампионите, но тоа не претставуваше никаков проблем за Венсан Компани поради расположениот Мајкл Олис.

Летното засилување на Баерн Минхен го постигна најубавиот гол во својата играчка кариера, а сигурно достави и кандидатура за слалом на сезоната во Лигата на шампиони.

Олис го заврши мечот со два гола и една асистенција во победата од 1:5, но начинот на кој го постигна последниот гол беше неверојатен.

Французинот нанижа пет противнички фудбалери и со голема леснотија мина меѓу нив, за потоа да го насамари и голманот на Шахтјор.

Олис режираше соло-бравура која е потег на вечерта во Лигата на шампиони, а воодушевени од неговата акција останаа и соиграчите на клупата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни