Македонија
Скубе: Скопје е бајка која никогаш нема да ја заборавам, Македонците се луди навивачи
Големиот борец, Сташ Скубе иако само нецели две години беше дел од Вардар, тој со своите партии, знаење, квалитет, секогаш ќе остане запаметен во срцата на навивачите на македонскиот шампион.
Скубе беше дел од тимот кој лани направи чудо и успеа да ја освои титулата во Лигата на шампионите, успех кој Словенецот никогаш нема да го заборави.
-Победата во ЛШ ми е еден од најдобрите моменти во животот, таа среќа не можам да ја опишам. За мене тоа беше прв фајналфор турнир и веднаш европска титула. Многу работевме за тој резултат, се боревме до последна секунда во клучните мечеви.
-Покажавме карактер, навистина сум горд на сите момци. Немавме широка клупа, осум-девет играчи го понесовме товарот на Ф4. Секој даде повеќе од 100 проценти. Можеби имавме и среќа, ама тоа беше заслужено, -вели Скубе кој се потсети на пречекот во Скопје.
-Тоа беше бајка која никогаш нема да ја заборавам. Македонците се луди навивачи, најдобри во светот. Секој го сака Вардар, тие живеат за тој клуб. Голема е сатисфакцијата да ги направиш среќни. Се надевам дека клубот ќе остане на високо ниво, тоа луѓето го заслужуваат. Многу сум горд сум што бев дел од Вардар, -порача средниот бек кој во иднина ќе го носи дресот на Мешков Брест.
-
Англијапред 14 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Италијапред 13 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Светпред 23 часа
Бускетс за Меси и незадоволните фанови: Ние не сме машини или роботи…
-
Шпанијапред 13 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Англијапред 11 часа
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Шпанијапред 21 час
Барселона повторно покажа дефанзивни слабости и освои само бод против Мајорка (ВИДЕО)
-
Англијапред 13 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
Италијапред 22 часа
Првенецот на Милик доволен за победа на Јувентус (ВИДЕО)