Поврзете се со нас

Европски првенства

Скубе: Се измачивме, Македонците ни покажаа дека се фанатични борци

Објавено

на

За „Дерби“ од Унгарија,
Ристе Влахов

Сташ Скубе и е добро познат на македонската ракометна јавност од времето кога играше во Вардар, а денеска како наш противник на теренот, сосема очекувано беше креатор на играта на Словенија.

Скубе беше еден од најдобрите играчи во словенечкиот состав кој на крајот оствари победа од 27:25, триумф кој беше остварен доста потешко од очекувањата, за што говорат и првите изјави на самите ракометари од противничкиот табор.

Поранешниот ракометар на Вардар ги пофали Македонците за фанатичната борба и вербата во своите квалитети и кога Словенците се одлепија на „плус пет“ на стартот на вториот дел, а по остварениот триумф призна дека Словенците навистина многу се мачеле во пресметката со избраниците на Кирил Лазаров.

– Многу се мачевме, игравме во грч, но ги освоивме планираните бодови, што беше и наша цел. На крајот, тоа е единствено што се брои и што е најважно од оваа средба.

– Македонците ни покажаа дека се фанатични борци кои не се предадоа и после пет гола негатива во вториот дел. Наместо да се предадат, напорно работеа и не намачија. За два дена не очекува многу понапорен меч со Данците кои се едни од главните фаворити за трофејот. Се надевам дека ќе прикажеме подобар настап на тој натпревар и ќе се ослободиме од рачната сопирачка во нашата игра, – порача Скубе се словенечката телевизија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни