Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Скубе го откри крупниот чекор на газда Сергеј: Нема веќе црни облаци над Вардар, овој тим има нешто што не се купува!

Објавено

на

Сташ Скубе одигра сезона за паметење во редовите на Вардар, а како шлаг на тортата во целата оваа ситуација, пристигна освоената титула во Келн на неговиот прв фајнал-фор во кариерата.

Скубе беше играчот кој беше најмотивиран во редовите на Вардар во четвртфиналните натпревари против Пик Сегед поради начинот на кој беше отпуштен од тренерот Пастор, но одмаздата против поранешниот тим беше само никулец на она што следеше изминатиов викенд, огромното славје на Ф4 турнирот во Германија.

Словенечкиот плејмејкер призна дека ги доживува најубавите моменти во својот живот и му се заблагодари на Господ што пристигна во Вардар, а сега тој е првиот кој откри поинтересни детали за иднината на Вардар која делува се посветла по црнилата во изминатите месеци.

– Сега може да ги откриеме најновите информации, во клубот останува Сергеј и остануваат голем дел од играчите. Нема да има црно сценарио како што се очекуваше. Се случи пресврт, нема повеќе црни облаци над Вардар. Сергеј ги подмири нашите долгови, сега се е во ред и продолжува наредната сезона. Нема да биде истиот тим, ќе има промени бидејќи си одат неколку играчи, но поголемиот дел остануваме. Ова не е крај на убавата приказна на Вардар, – потенцира Скубе во интервјуто за словенечкиот портал „Спортал“ и додава.

– Ние немавме таква ротација и ѕвезди во тимот како останатите екипи на фајнал-форот, но имаме нешто што не може да се купи со пари. Тоа е хемијата во тимот, ние сме вистински пријатели, имаме чисто срце и покажавме шампионски карактер, – нагласува Словенецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни