Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Скубе ги предупреди сите во групата: Не заборавајте што се случи во мојата прва сезона во Вардар

Објавено

на

Вардар се уште го носи статусот на актуелен европски првак и со такво епитет ќе влезе и во новата натпреварувачка сезона во Лигата на шампионите, во која на стартот „црвено-црните“ ќе ги одмерат силите со Мешков Брест.

Белорускиот состав е добро познат ривал на македонскиот тим, но за разлика од обично, утре фаворитската улога ќе ја има Мешков Брест, не само поради ширината на ростерот, туку и поради фактот што овој тим на Вардар е доста невоигран и оствари неколку непосакувани резултати во подготовките.

Утрешниот меч во Брест ќе биде посебно специјален за Сташ Скубе, играчот кој исто така важи за актуелен европски првак, но кој игра во противничкиот табори и сега ќе мора да се пресмета со довчерашните соиграчи.

– Утрешниот натпревар против Вардар е навистина посебен за мене. Најубавите моменти и години во кариерата ги минав во Скопје, таму оставив голем број пријатели. Чудно е да се игра против добри пријатели, уште повеќе кога против нив ќе ги одмерите силите во првото коло. Сепак, на терен мора да бидеме професионалци и јас сега бранам други бои. По натпреварот остануваме пријатели, останав во контакт со голем дел од соиграчите во Вардар, – порача Скубе во најавата за дуелот.

– Во овој момент, тешко е да се каже кои се крајните можности на овој Вардар кој има многу нови ракометари во тимот. Можам да кажам дека губевме на подготовките и кога јас стигнав во тимот, а на крајот на таа сезона станавме европски шампиони. Мора да се биде претпазлив во секој момент, и покрај големите промени, Вардар ќе биде опасен ривал за сите во групата, – заврши Скубе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни