Скршениот Харт со емотивна и болна порака објасни како ја прифатил одлуката на Саутгејт: Нема да се лажеме… (Фото)

hart-rakavica

Герет Саутгејт донесе неколку навистина тешки одлуки кога е во прашање конечната листа на фудбалери кои ќе патуваат на мундијалот во Русија, бидејќи во превод, мораше да се откаже од неколку фудбалери кои во минатото имаа и тоа како значаен придонес во репрезентацијата.

Дефинитивно играчот со најголем стаж, а кој нема а го гледаме во англиската селекција е Џо Харт, искусниот чувар на мрежата кој едноставно не доби шанса ниту како трет голман од страна на селекторот кој пак одлучи да ги избере Пикфорд, Батланд и Поуп.

Овој потег на Саутгејт предизвика навистина многу коментари во јавноста, а сега конечно се огласи и Харт кој призна дека е многу повреден и разочаран што нема да биде дел од мундијалот.

– Нема да лажам, јас сум горко разочаран. После две години обидувајќи се да се справам со оваа тешка ситуација, ова е навистина тешко за прифаќање. Горд сум што имав удел и што ја одиграв секоја минута за пласманот на тимот. Знам што можам да му донесам на тимот, но тоа е што е. Му посакувам среќа на тимот, играчите знаат дека и покрај тоа што нема да бидам таму, ќе го имам облечено дресот на Англија како фан, поддржувајќи на секаков можен начин. Без страв, одете и егзекутирајте, – гласи пораката на Харт.

Facebook Коментари