Поврзете се со нас

Свет

Скромниот Грилиш повторно ги воодушеви фудбалските фанови (ВИДЕО)

Објавено

на

Англија ја победи Австралија со 1-0 на пријателската средба која се одигра во „Вембли“ и тоа со погодокот на Оли Воткинс во вториот дел.

Асистент при тој погодок беше Џек Грилиш кој со еден негов потег по натпреварот уште еднаш ги воодушеви фанови. Грилиш имаше пријателски разговор со Мартин Бојл по натпреварот при што беше побаран неговиот дрес.

Џек му ја исполни желбата на противникот кого потоа го изненади со барањето и тој да му го подари дресот.

-Можам да го добијам твојот дрес, -порача Грилиш.

Фановите имаа што да порачаа за овој потег на офанзивецот на Манчестер Сити.

-Вистинска класа, голема почит-

-Каков човек е ова момче-

-Го сакам Грилиш. Тој толку почитува и е внимателен кон другите, кон навивачите или колегите фудбалери. Нема многу како него.

-Човече, како можеш да не го сакаш Грилиш, -беа некои од коментарите.

Англичанецот имаше убав потег и по дербито меѓу Арсенал и Сити во Лондон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни