Скромниот Барди со прво интервју по продолжувањето на договорот: Никој не треба да заборави едно нешто

bardi-pokazuva

Енис Барди минатата недела доби награда за својата фантастична работа во својата прва цела година како член на Леванте, добивајќи нов побогат и подолг договор од страна на клубот од Валенсија кој одлично котира на стартот на сезоната.

Македонскиот репрезентативец беше пресреќен при потпишувањето на договорот во времетраење до 2022 година, а сега го направи и првото интервју за најтиражниот весник во Валенсија, угледниот „Супердепорте“ кој воедно прв најави дека Барди ќе потпише нов договор со Леванте.

– Немам страв што ме сметаат за добар изведувач на слободни удари. Знам дека треба да подобрам многу работи, секогаш има нешто во што може да се подобрите. Никогаш не сум бил опсесивен за изведување на слободен удар или корнер. На крајот на краиштата, со прекините може да донесам победа на еден, два, три или четири натпревари зошто мислам дека сум навистина добар во тоа, но најважна е играта на тимот и колективот. Моите слободни удари не се доволни за успеси, – вели скромниот Барди кој е свесен дека во јавноста се создава и атмосфера со која се очекува да постигне гол со секој изведен шут од прекин.

– Секогаш имам најдобро чувство пред изведување на слободен удар. Се концентрирам за да го извлечам најдоброто од себе, но понекогаш не излегува онака како што сте планирале. Сепак, не треба да се заборави едно нешто. Никој нека не заборава дека слободните удари не се како пеналите, – заклучува популарниот „снајперист“ од Примера.

Facebook Коментари