Скриена камера која ќе завршеше фатално: Миха доби лоша вест за неговата убава ќерка, сакаше да ја откине главата на „зетот“! (Видео)

sinisa-klupa

Италијанската сатирична емисија „Хиени“ е екстра популарна на Апенините и често знае да вклучи големи ѕвезди од фудбалски свет во своите ексклузивни изданија, а ако најсвежа во нашите сеќавања е шегата која му беше направена на Џенаро Гатузо, сега на „менито“ се најде и Синиша Михајловиќ.

Доскорешниот тренер на Торино сега има многу послободно време откако ја заврши својата соработка со „биковите“, а главните актери на споменатата емисија одлучија да му направат забавно едно попладне, односно да го разбеснат до степен да полуди на масата.

Во целата местенка се вклучени и неговата сопруга и неговата убава 21-годишна ќерка, а целта на ручекот е запознавање со таканаречениот иден „зет“, односно „момчето“ на Викторија кое е 13 години постаро (неговата прва реакција кога дознава дека има 34 години е урнебесна).

Драмата започнува со фотографиите кои му ги покажува сопругата на Миха додека го чекаат момчето на што Србинот праша дали има слика на која изгледа „нормално“, а тензијата настанува откако момчето се појавува на ручекот со 50-минутно задоцнување и нарекувајќи го Миха „Папи“ (тато). Како што тече разговорот, Миха добива се пожестоки удари од момчето кое му вели дека сигурно не е добар тренер штом добил отказ од Торино, а додека неговата ќерка и дечкото за момент заминуваат во тоалетот, Синиша и вели на својата сопруга дека со задоволство „би му го скршил носот и би му ја откинал главата“.

Комплетниот заплет се случува при враќањето кога момчето и посветува песна на својата сакана „Вики ти си мојата циганка“ (навреда која Синиша често ја добиваше во Италија), а во ситуација кога Миха стана и беше подготвен да ги истепа момчето и сите што беа во негова придружба, влетаа новинарите на „Хиени“ кои спречија фатална завршница на скриената камера на која сепак се насмеа Србинот.

Facebook Коментари