Поврзете се со нас

Промоции

„Сковин“ ита кон 50-годишниот јубилеј со проширена палета и бизнис партнери од Сингапур

Објавено

на

Македонија се протега на медитеранскиот појас за кој легендите, летописите и митовите велат дека е татковина на виното.

Овде овој божествен напиток кој го бодрел духот и на античките божества, и на народните херои, и на поетите, се произведува повеќе од пет илјади години. Нему и сладострасниците и научниците, со право му припишуваат цела дузина не само хранливи, гозбени и лековити вредности, туку и некои таинствени својства, способности да ги развие креативните сили на човековиот дух.

Виното ги вдахнува даровите на природата и некои импулси на својата фантазија, култура и човечност. На територијата на Македонија се менувале кралства и империи, доминирале или се провлекувале разни религии и цивилизации, но култот спрема виното никогаш не ја губел својата постојаност, трајност и привлечност. Плодовите на таа традиција живеат и денес.

Оваа македонска приказна за квалитетното македонско вино ја препознаа и нашите пријатели од Сингапур кои решија да инвестираат во овој божествен напиток. За таа цел е формирана Балкан Холдингс ПТЕ.ЛТД. во Сингапур, која што пред една година го купи имотот и правата на брендот Сковин, продолжувајќи ја вековната традиција на производство на вино од Скопското виногорје, традиција која датира уште од древниот Рим. Со ова, „ВИНАРИЈАСКОВИН ГРУПА“ продолжува да ја пишува својата 41-годишна успешна приказна.

Една од главните карактеристики и предности на „ВИНАРИЈАСКОВИН ГРУПА“ се сопствени лозови насади кои овозможуваат да се контролира квалитетот на грозјето. Македонија е земја која е позната по квалитетот на црното грозје, а виновите насади на „Сковин“ се простираат на 575 хектари од кои најголемиот дел се лоцирани во регионот на Маркова Сушица на југозападната падина на Водно а другиот дел се лоцирани во Тиквешкиот регион во месностите Сопот и Сирково.

– Квалитетот на нашите производи е наша голема грижа, како што е наша грижа и развојот на компанијата. Но грижа на ВИНАРИЈАСКОВИН ГРУПА се и нашите вработените, чија заслуга е растот на компанијата и палетата нови производи. Новите сопственици задржаа 45 вработени од Сковин АД. И покрај кризата поради Ковид 19 со која се соочува не само нашата земја, туку и целиот свет, успеавме не само да ги задржиме сите вработени, туку и да го зголемиме нашиот тим за уште 30 нововработени и во моментов броиме вкупно 75 вработени. Веруваме дека ќе расте компанијата, ќе се зголемува нашиот тим и дека Македонија ќе ја препознае нашата искрена намера да ја продолжиме вековната традиција. Очекуваме и веруваме во фер натпревар со нашите конкуренти,- рече во своето обраќање Александар Тренчевски, генерален директор.

„Сковин“ во моментов е во период на интензивно развивање и унапредување на капацитетот од 17,5 милиони литри вино, коe гo пласира на 18 светски пазари, односно на 5 континенти. Досега, вината на „ВИНАРИЈАСКОВИН ГРУПА“ имаат добиено 53 меѓународни награди и признанија за квалитет на многубројни вински саеми и фестивали.

Најголем дел од виното се пласира во регионот и на пазарот на Европската Унија. Други знaчајни пазари се и оние на Далечниот Исток, како Русија, Јапонија и Кина, со кои има воспоставено долгорочна соработка, а извезеното количество во овие земји од година во година сè повеќе се зголемува. Производите со брендот „Сковин“ можат да се најдат и во прекуокеанските земји, како Австралија, Канада, Сингапур и САД.

– Со цел да ги задоволи различните вкусови на потрошувачите, „Сковин“ има широка палета на производи, повеќе од 24 различни типови и категории на вина и два типа на ракии. Во делот на ракиите продолжуваме со двата наши најпознати бренда Жолта ракија на Сковин, која во многу скоро време ќе се ребрендира во Жолта ракија – Скупи и секако дел од нашата програма е добро познатата ракијата Марков Манастир. Во делот на вината, се повеќе ја прошируваме палетата на висококвалитетни и врвни вина. Тука би ги издвоила најпрепознатливите и први врвни вина воопшто на македонскиот пазар, а тоа се Вранецот Марков Манастир и Скупи куве. Најнови високо квалитетни вина се Кратошија, Пино ноар и Санџовезе. Ги унифициравме етикетите, шишињата, тапите –Сковин добива препознатлива амбалажа, вино со проверен квалитет. Палетата нови производи, како и старите познати вина, со сега уште подобар вкус и квалитет веќе неколку месеци можат да се најдат на македонскиот пазар, како и на пазарот од ексјугосовенските земји, земјите од Западен Балкан и Азија и во Јапонија. Но, развојот не завршува овде! Во следниот период можете да очекувате уште многу новитети,- најави Венера Гелебешева Крстиќ, која е главен енолог и директор на производство.

Најдобрите вина се оние што ги пиеме заедно со луѓето што ги сакаме. Винарија „Сковин“ повикува да наздравиме во име на традицијата, пријателството, љубовта. Да наздравиме за животот!

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни