Поврзете се со нас

АБА лига

Скот со 53 поени го уништи Пелистер во Битола

Објавено

на

foto:x.com/ABA_League2

Македонскиот претставник Пелистер со убедлив пораз од Подгорица од 93:74 го заврши настапот во регионалната АБА2 лига.

„Зелено-белите“ добија само една четвртина на соочувањето во Битола, а кога е така е навистина тешко да се дојде до позитивен резултат особено плус ако на спротивната страна имате играч кој е супер расположен за игра.

Имено гостите го имаа неверојатнот Скот кој уфрли нестварни 53 поени со 6 скока, 6 асистенции, 5 украдени топки и може да се каже дека сам го доби Пелистер. Смит со 17 беше единствен друг двоцифрен играч кај победникот, додека Бојиќ со 16 беше најефикасен кај домаќинот.

Битолчани остварија само една победа не шесте средби во групата Ц во која беа уште Џокер и Широки Бријег.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни