Поврзете се со нас

Италија

Скорупски ја улови „жива“ топката на Имобиле: Добро ги простудирав неговите пенали (Видео)

Објавено

на

По уверливиот пораз од Баерн Минхен во Лигата на шампионите, Лацио претрпе неповолен резултат и во Серија А, откако денеска пропушти добра шанса да поведе против Болоња, пред да биде надигран и да прими два гола од домаќините.

Составот на Синиша Михајловиќ е се поблиску до првиот дел од табелата во домашното првенство по триумфот од 2:0 над „лацијалите“, кои пак сега можат да паднат и на седмото место по комплетирањето на 24-то коло.

Ембапје и Сансоне беа стрелци на погодоците за домаќините, но клучен момент можеби беше ситуацијата во 17-та минута, кога гостите не успеаја да реализираат најстрога казна.

Израмнетиот почеток донесе блага иницијатива на гостите од престолнината, но изборениот пенал, во дадената ситуација не значеше и сигурна реализација од најдобриот стрелец на Инѕаги.

Чиро Имобиле беше „прочитан“ како букван од страна на голманот Скорупски, кој по средбата открива дека добро го простудирал напаѓачот на Лацио.

– Пеналите се дел од фудбалот, секако дека работиме на пеналите. Гледам видеа од моите противници и ги анализирам нивните удари. Така беше и со Имобиле. Чекав до крајот и тргнав на вистинската страна, – изјави Скорупски откако му ја фати „жива“ топката на Имобиле.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни