Поврзете се со нас

Македонија

Скопското дерби заврши без победник, Крстовски донесе славје за „пандевци“

Објавено

на

Две победи на домаќините и реми донесоа првите три средби од четвртото коло во првата македонска фудбалска лига.

Без победник заврши градската пресметка меѓу Работнички и Вардар (1-1). „Романтичарите“ пред дуелот важеа за големи фаворити со оглед на сите проблеми во таборот на „црвено-црните“, но Работнички тоа не го искористи и на крајот мораше да се задоволи само со бод.

Вардар кој пред стартот на средбата на националната арена „Тодор Проески“ ја доби освоената титула за натпреварувачката 2019/2020 го отворри резултатот во 59 минута по една одлична акција која ја финишираше капитенот Мицевски.

Домаќините се вратија во игра во 76 преку Лука Станковски, потоа имаа и шанса за пресврт, но голманот Илиќ го скроти ударот на Ѓурѓевиќ.

Академија Пандев по долга пауза конечно славеше победа во ПМФЛ, прва во оваа кампања и тоа во дуелот со Струга Трим Љум. Тримфот за четата на Таневски го донесе Крстовски во 83.минута од натпреварот во Струмица.

На третата средба Македонија ЃП беше подобра од Беласица со 2-1. Кај победниците прецизни беа Емини и ветарнот Божиновски, додека на спротивната страна погоди Каланоски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни