Поврзете се со нас

Европски првенства

„Скопско“ стана партнер на ФФМ, промовирана официјалната навивачка химна за Европското првенство

Објавено

на

Фудбалската федерација на Македонија денеска ја промовираше соработката со „Пивара Скопје“, а овој настан е искористен и за официјална промоција на навивачката химна за Европското првенство.

Македонската репрезентација обезбеди историски резултат откако се пласираше на Европското првенство, а сега доби и официјална навивачка химна, зад која е потпишана група музичари кои се нарекоа „Вис Рисови“.

„Одиме на Европско“ е името на химната која сигурно ќе биде хит наредниов период и за време на одржувањето на турнирот кој ќе се игра во повеќе земји, а на кој Македонија ќе настапува во Букурешт и Амстердам.

ФФМ со задоволство го најави новиот комерцијален партнер, па „Скопско“ ќе биде дел од фудбалското семејство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни