Атлетика
Скопскиот Виз Ер маратон ќе се трча во посебни услови и со изменет старт и финиш

Оваа недела на улиците во нашата престолнина ќе се одржи традиционалниот Виз Ер Скопски маратон, што ќе биде 16-то издание на најмасовната трка во Македонија.
Поради исполнување на мерките и протоколите кои ги налага Владата за заштита од Ковид 19, оваа година маратонот ќе има иста рута, но ќе има различен старт и цел кој овојпат ќе биде пред влезот на Спортскиот Центар Борис Трајковски.
Поради проблемите кои ги направи светската пандемија, скопскиот маратон нема да може да ги дочека натпреварувачите од Африка кои стандардно се најдобри и најбрзи, но затоа сите останати натпреварувачи ќе можат да уживаат и да се рекреираат, припазувајќи ги протоколите за заштита на стартот и на целта каде обврска е да носат маски.
– Оваа година ќе имаме 1500 учесници во три трки: маратон, полумаратон и штафетен маратон „ЕУ за тебе“. И оваа година ќе имаме квалитетни натпреварувачи, како и досега, но поради пандемијата влезовите во државите се ограничени и оваа година ќе бидеме без натпреварувачите од Африка.
– Заради целата ситуација со вирусот Ковид-19, го променивме стартот и целта, кои што ќе бидат пред влезот на СЦ Борис Трајковски, а патеката е иста. Тоа е така затоа што тој простор ни дозволува да ги испочитуваме сите протоколи донесени специјално за маратонот, – изјави Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопски маратон.

- Англијапред 23 часа
Солскјер откри кој е најлош губитник во Јунајтед: Сите мислат дека тоа е Бруно, но….
- Балканпред 20 часа
Уапсен претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, имал блиски релации со „српскиот касап“ Веља Неволја
- Италијапред 18 часа
Не е подготвен за италијанскиот фудбал: МекКени не можеше да го тргне погледот од задникот на Дилета Леота (ФОТО)
- Италијапред 24 часа
Дојде и тој ден: Роналдо постигна гол, соиграч го имитираше на теренот за време на прославата (Видео)
- Англијапред 22 часа
Клубови од Италија и Шпанија заинтересирани за играч на Манчестер Јунајтед, од клубот му подготвуваат нов договор
- Англијапред 19 часа
Тухел откри дека добил „корпа“ од најголемата ѕвезда на Манчестер Јунајтед: Сериозно го сакав во мојот тим
- НБАпред 16 часа
Дончиќ: Не можете да ме споредувате со Лери Бирд
- Шпанијапред 18 часа
Пике ги предупреди ривалите: Се уште сме живи, сезоната комплетно ќе се смени…