Поврзете се со нас

Македонија

Скопската битка заврши без победник, Шкендија покажа кој е главен во Тетово

Објавено

на

Многу возбудувања и многу голови донесоа петте денешни мечеви од новата рунда во Првата македонска фудбалска лига.

Скопската пресметка меѓу Работнички и Шкупи заврши без победник 2-2. Двата состави имаа можност да бидат во предност на дуелот на националната арена „Тодор Проески“, поведеа „романтичарите“ преку талентираниот Станкоски, потоа чаирчани направија пресврт за да конечниот резултат го постави Шаркоски во 60 минута.

Во Тетово пак тимот на Шкендија беше подобра од Ренова со 3-1. Љума,  Кривак и Ибраими стрелаа за „црвено-црните“ додека пак за „гипсарите“ од пенал погоди Селмани.

Борец во Велес ја оправда улогата на фаворит и го доби Пелистер со 3-0, Беласица го доби струмичкото дерби против Академија Пандев, а пак Вардар и без својот тренер Александар Васоски кој имаше смртен случај во неговата фамилија се избори за бод во Струга иако губеше со 2-0.

РЕЗУЛТАТИ:

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – БЕЛАСИЦА 1-2

РЕНОВА – ШКЕНДИЈА 1-3

БОРЕЦ – ПЕЛИСТЕР 3-0

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ 2-2

Утре играат Силекс и Македонија Ѓорче Петров.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни