Скопје по примерот на светските метрополи станува ,,атлетски град”: Нова улична трка во главниот град

maraton2017-2

Маратонот претставува мозаик кој е потребно повеќе работи да се поклопат за што полесно да се биде истрчан. Една од поважните карики е храната. Воедно потребно е да севнесуваат сложени јаглехидрати, покрај тоа важно е и конзумирање течности за време на самиот маратон.Потребно е и да се внесуваат енергетски гелови за време на маратонот кои значително помагаат во форсирањето на енергија кога нaјмногу е потребна. Но, исто така, најважна е и менталната подготвеност која мора да влијае на решеноста да се истрае во подвигот.

Во последен период рекреативното трчање е се популарно меѓу Скопјани, со што се повеќе се воспоставува потреба од организација на нови маратонски трки низ улиците на Градот Скопје.

Во Скопје популарни се „Виз Ер Скопски маратон“ и „Женската трка“, а во таа насока е и трката  „Skopje Run 10K“ која треба да се одржи на 8 октомври 2017 година (недела) со почеток во 09 часот. Патеката по која ќе се трча ќе биде по улиците на „Илиндеска“, а стартот и целта е предвидена да биде на исто место (спроти фонтаната Лотус). На програмата ќе се одржат две трки на 10 километри и штафетна трка 2 х 5 км. Секој што ќе ја заврши трката добива медал, а предвидени се и парични награди и награди по возрасни категории.

Секој што има желба да учествува потребно е да се пријави на: www.skopje.run

Дефинитивно Скопје со ова станува маратонски град кој во иднина ќе прерасне во светска метропола, во кој, постојано ќе гледаме светски и европски прваци во трчањето.

 

Facebook Коментари