„Скопје круг 2017“: Василевски најдобар во најмасовната, Радојковиќ во четвртата класа

Skopje krug 2017-5

По подолго време во Скопје се одржа кружна авто трка, која ги врати големиот број фанови на потегот меѓу „Скопски Саем“ и „Мавровка“, но истата за жал не беше комплетирана поради инцидентот кој се случи во последната четврта дивизија.

Пред да се случи инцидентот и излетувањето на Урош Бркиќ, беа комплетирани трките во останатите три дивизии, што значи дека таму беа одредени и најдобрите, односно победниците.

Во најмасовната прва дивизија во која возеа учесниците во првата класа, победи Филип Василевски кој го искористи фактот што Ѓорѓи Наков не ја заврши трката иако имаше најбрз круг и имаше најдобро време и на вчерашните квалификации. Зад Василевски се пласираа неговите клупск колеги од АКК Никола Карев, Филип Џуклески и Никола Попевски.

Skopje krug 2017-1

Во втората дивизија настапија возачите од четвртата класа, а победата ја однесе Алекса Радојковиќ кој возеше со Форд Фокус, а зад себе ги остави македонските автомобилисти Југослав Милошевски и Васил Тодоров. Влатко Симоновски кој беше најбрз во квалификациите, не ја заврши трката.

Третата дивизија беше комбинација на втората и петтата класа, а победите ги однесоа Албен Бериша од Косово во конкуренција на вкупно четири возачи, односно Давид Малинковски во петтата класа во која покрај него настапи уште само Деан Георгиевски.

Facebook Коментари