Македонија
Скопје ќе грми: Рико Вуков ќе ја предводи парадата на Порше!

Со започнување на новата календарска година сите врвни спортисти веќе се фокусираат на она што ги очекува на натпреварувачки план.
Ристо Вуков меѓу првите од светот на автомобилизмот најави дека ќе го смени рангот на првенството, па од Порше Карера Куп Италија ќе оди на највисокото ниво, односно Светскиот Куп што се вози како дел од пропратната програма со Формула 1. Оваа најава беше официјално соопштена на прес конференција кон крајот на ноември, а сега веќе се финализираат детали за промотивните активности во Македонија.
Слично како пред две години, кога по „смирувањето“ на пандемијата беше организирана гала промоција, Вуков ќе го претстави новиот тим на посебен настан за медиумите и покровителите. Но, овој пат ќе има многу повеќе простор за публиката: заедно со официјалниот Порше клуб во нашата земја, ќе има парада на овие автомобили низ улиците на главниот град. За оваа пригода, новиот автомобил на Вуков ќе биде специјално транспортиран од Италија, освен по скопските улици, публиката ќе може одблиску да го разгледа новото тркачко возило кое ќе биде изложено и во еден од најголемите комерцијални објекти (шопинг мол), за што деталите се уште се финализираат и наскоро ќе бидат објавени.
Сето ова ќе се случува веќе од 10 до 12 февруари, поради што очекувајте свежи информации преку социјалните мрежи, каде што Вуков има се поголем број следбеници.
-
Англијапред 11 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Италијапред 20 часа
Алегри полуде по потегот на Ди Марија во самата завршница против Лацио (ВИДЕО)
-
НБАпред 24 часа
Тепачка во НБА лигата: Мичел и Брукс влегоа во жесток судир, па двајцата предвреме беа испратени на туширање (ВИДЕО)
-
НБАпред 22 часа
Се е подготвено за НБА спектакл: Познати се и резервите за Ол-стар мечот во Солт Лејк Сити (ФОТО)
-
Светски првенствапред 19 часа
Коло Муани се уште го сонува зицерот против Аргентина: Можев да го лобувам Мартинез, да му додадам на Мбапе…(ВИДЕО)
-
Англијапред 23 часа
Нуњез ги откри советите на Клоп и призна: Не играм добро!!!
-
Италијапред 23 часа
Алегри: Поставивме добра основа да се вратиме на вистинскиот пат
-
АТПпред 22 часа
На чекор до ново финале: Ивановски го суреди и осмиот носител во Монастир