Поврзете се со нас

Македонија

Скопје ќе биде домаќин на завршните турнири во Купот на Македонија

Објавено

на

Кошаркарската федерација на Македонија ќе биде организатор на завршните турнири во Купот на Македонија кои од оваа година го носат името на нашата легенда „Благоја Георгиевски Буштур“.

Федерацијата донесе одлука турнирите во машка и женска конкуренција да се играат во Скопје и тоа во салата СРЦ „Кале“. Четирите најдобри екипи кај дамите ќе се натпреваруваат на 7. и на 8.мај, додека пак најквалитетните осум машки тимови ќе разигруваат за пехарот во периодот од 14. до 16. мај.

Инаку Скопје по пауза од шест години е домаќин на завршницата на Купот, трофеите ќе ги бранат Работнички (мажи) и Вардар (жени).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни