Поврзете се со нас

Англија

Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал

Објавено

на

Пол Сколс е едно од најголемите имиња во историјата на Премиер лигата, вистинска легенда на Манчестер Јунајтед, ас кој денеска е активен со своите ставови, коментари на актуелни теми и прашања во англискиот фудбал и пошироко.

Токму Сколс имаше можност да каже што мисли за еден од најквалитетните играчи во тековнавас сезона во ПЛ, тоа е Александер Исак кој со 17 погодоци е трет стрелец во шампионатот зад Салах и Халанд. Тој е „врзан“ со Њукасл до 2028 година, ама неговото име веќе се поврзува со неколку екипи, а меѓу нив се споменува и Арсенал кој се очекува да донесе напаѓач на лето.

Меѓутоа Пол смета дека „топчиите“ не се добра средина за Швеѓанецот затоа што верува дека му е потребен друг клуб, клуб во кој ќе може да освојува титули и притоа посочи три решенија.

-Сите го сакаат, но јас не гледам можност да замине во Арсенал. Треба да оди во поголем и подобар клуб. Овде зборуваме за Реал Мадрид, на Ливерпул му треба центарфор. Мислам дека Арсенал би бил опција, но мислам дека тие би биле подолу на листата на опции.

-Не мислам на тоа на лош начин, но тој е во Њукасл, навистина добар тим, брилијантен тим, но тие нема да освојуваат титули во лигата, тоа е следната фаза од неговата кариера. Мислам дека би било ризик да одам во Арсенал и да го направам истото. Ливерпул има многу поголема шанса, Манчестер Сити и Реал Мадрид исто. Мислам дека неговите нишани треба да бидат повисоки од Арсенал. Тој е играч на кој би гледал Манчестер Јунајтед, но во позицијата во која се наоѓаме сега… тоа нема да се случи, -истакна Сколси за „Оверлап“.

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни