Сколс за Игало: Ќе донесе нешто поразлично, јас не го гледам…

skols

Тимот на Манчестер Јунајтед во самиот финиш на зимскиот преоден рок успеа да донесе напаѓач и тоа Одио Игало кој пристигна од Кина.

Игало во минатото играше на островот носејќи го дресот на Вотфорд, ама останува прашање што тој може да му понуди на Јунајтед во обидот да дојде до што подобри резултати до крајот на сезоната. Легендата на „црвените ѓаволи“, Пол Сколс верува дека Нигериецот ќе му донесе нешто поразлично на Јунајтед, ама во исто време не го гледа како стартер на многу од мечевите на екипата.

-Мислам дека не е засилување за долги стази. Неговиот голгетерски рекорд во Кина е добар, ама дали е вередостоен? Не знам. Јунајтед нема напаѓач како него. Ќе може да игра со грбот кон голот  и може да ги доведе играчите во игра. Добро е да имате дополнително тело, но кога сте Јунајтед, сакате дополнително тело со квалитет и тој тоа мора да го докаже. Тој ќе донесе нешто поразлично, не го гледам како стартер на многу натпревари, -порача Сколс.

Facebook Коментари