Англија
Сколс за ѕвездата на Јунајтед: Ќе беше катастрофа ако игравме заедно

Пол Сколс е едно од најголемите имиња во историјата на Манчестер Јунајтед, човек кој остави огромна трага во ерата кога клубот го водеше легендарниот сер Алекс Фергусон.
Многу титули освои Сколс со Јунајтед и дефинитивно не му е сеедно да гледа како клубот се мачи веќе подолг период кога се во прашање пехарите, највисоките дострели како во Англија така и во Европа, Лигата на шампионите.
Меѓутоа Сколс со големо внимание ги прати сите случувања во Јунајтед, па запрашан за тоа со кого од сегашните играчи перфектно бии функционирал на средината на теренот го избра Касемиро.
-Тоа е прилично лесно прашање поради стилот на игра. Многу би сакал да играм со Касемиро, некој што знам дека може навистина добро да ја игра оваа позиција. Веројатно ме потсетува на Керик, Бат, Кин и такви играчи. Со Бруно, мислам дека ќе бевме насекаде, а ние двајца заедно во средниот ред би било апсолутна катастрофа
-Двајцата би сакале да бидеме на теренот, да придонесуваме, да постигнуваме голови и да се обидуваме да победуваме. Видете, ако треба да изберам од двајцата тоа ќе треба да биде Касемиро, -вели Сколс кој истото го мисли и за Кристијан Ериксен.
-Повторно, веројатно Касемиро. Го сакам Ериксен, мислам дека е брилијантен, но е малку повеќе како мене и сум загрижен за напаѓачката страна на работите. Видете, ако јас и Кристијан или Бруно игравме заедно, може да биде 6-6 или 7-6. Може да биде кој било резултат. Ќе примевме многу голови, но можеби ќе постигнеме неколку! Затоа е таа дополнителната безбедност на Касемиро. Како што реков, Рој Кин, Ники Бат, Мајкл Керик би можеле да ја играат позицијата совршено и тие се тип на играчи со кои претпочитам да играм, -заклучи Англичанецот.
-
Светпред 18 часа
Фановите на Реал на големо ја прославија победата на Ал Хилал: Причина е Артуро Видал (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Неверојатни бројки зад името на Столе: Само еден голман во Ла Лига е подобар од Димитриевски (Фото)
-
Шпанијапред 10 часа
Најдобриот играч на Реал од првиот дел од сезоната: Доживеав пад, не сум истиот по мундијалот
-
Италијапред 18 часа
Демирал ќе собира финансиски средства со дрес од Роналдо: Разговарав со Кристијано (Фото)
-
Италијапред 19 часа
Влаховиќ го прекина долгиот пост од месец октомври и донесе победа за Јувентус (Видео)
-
НБАпред 9 часа
ЛеБрон го собори рекордот на Абдул-Џабар, Лејкерс загубија во историската ноќ (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Рио тврди: Бруно не можеше да се конектира со Роналдо, сега добро гледаме…
-
Шпанијапред 19 часа
„Марка“ демантира: Перез точно знае кога ќе одлучува за иднината на Анчелоти