Поврзете се со нас

Англија

Сколс за денот кога го извадил Фергусон од кожа: Го искусив „фенот“ и почна да ми се заканува

Објавено

на

Многу легенди на Манчестер Јунајтед изминативе години излегоа со со изјави со кои открија дека Пол Сколс е единствениот кој не добил „фен“ третман од Сер Алекс Фергусон, па затоа пошироката англиска јавност го доживува неповторливиот играч за врска како  „миленче“ на Шкотланѓанецот.

Ваквиот  статус на Сколс е оправдан според многу познати имиња како Руни, Фердинанд, Гигс, Невил и Кин, но Сколс вели дека не било секогаш така и дека еднаш го разлутил до беснило својот менаџер.

Во разговорот со Ники Бат, Сколс открива дека по еден меч со Њукасл почнал да се замислува себеси како потпишува за друг клуб, бидејќи токму тие зборови му одѕвонувале во глава по распаравијата која ја имал со Ферги.

– Сите велат дека јас бев милениче на шефот и дека никогаш не сум добил фен. Но, всушност, го имам искусен тој третман. Се сеќавам на еден меч против Њукасл на гостински терен. Бев резерва на тој меч и губевме 3:0. Ме стави во игра и се вративме 3:2. Не дека јас направив нешто посебно, но се вративме и бевме во игра за бод.

– После тоа, следеше голема грешка од мене на средината на теренот, тие ја украдоа топката и постигна агол. Алан Ширер погоди за 4:2 и мечот беше готов. Фергусон едноставно полуде, беснееше по мене. Кога тој викаше, јас обично никогаш не враќав во кариерата, но тогаш продолжив да му возвраќам.

– Не се согласував со него и тој почна да повторува една работа: Веќе никогаш нема да заиграш за овој клуб……  Се качив во автобусот и почнав да замислувам дека сум готов, дека во понеделник ќе потпишам за друг клуб. Дојде понеделник и тој ме викна во канцеларијата, навистина мислев дека е готово со мене. Но, тој ми кажа дека го изгледал цел меч и дека јас сум имал позитивно влијание врз тимот. Ми се извини и ми порача дека сум имал позитивно издание на теренот, – открива Сколс.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни