Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Сколс верува во тимот на Солскјер: Во Лигата на шампионите нема многу специјално добри тимови, па…

Објавено

на

Манчестер Јунајтед за разлика од Премиер лигата на фантастичен начин ја започна авантурата во Лигата на шампионите.

Избраниците на  Оле Гунар Солскјер одиграа одлично во првите две кола во групната фаза и со гол разлика 7:1 се наоѓаат на првото место во групата.

Манчестер Јунајтед успеа да слави во натпреварите против минатогодишните финалист и полуфиналист од најелитното европско натпреварување, што за право им дава надеж на „ѓаволите“ да се надеваат на висок дострел во Лигата на шампионите оваа сезона.

Легендата на клубот, Пол Сколс верува дека Манчестер Јунајтед може да стигне дури и до титулата во ова натпреварување.

– Дали Манчестер Јунајтед е способен да ја освои Лигата на шампионите? Би рекол, да секако. Не мислам дека има многу специјално добри тимови во Европа во моментов. Тоа можеби е само Баерн Минхен, а другите не се нешто посебно, затоа не гледам зошто Јунајтед не би ја освоил титулата, -изјави Сколс.

Манчестер Јунајтед завчера славеше убедлива победа од 5:0 против Ред Бул Лајпциг, додека пред една недела славеше на гостувањето во Париз кај ПСЖ со 2:1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни