Англија
Сколс со став за засилувањето на Ливерпул кое не се вклопи во тимот: Тој не е играч за Јирген Клоп

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед кој повремено се јавува и како аналитичар на фудбалските случувања во Англија, Пол Сколс верува дека Тијаго Алкантара не е најдобро решение за тимот на Ливерпул.
Според Сколс, Алкантара не може да се вклопи во системот на игра на Ливерпул кој го форсира Јирген Клоп и кој бара постојано трчање со тројца играчи во средината на теренот.
– Начинот на кој Ливерпул игра со тројца играчи во средината не е најдобар за неговите нозе, па мислам дека класично централна позиција во средината повеќе би му одговарала. Кога си на пошироката позиција во тројката на средината тешко е да се снајдеш ако не си таков тип на играч, а Тијаго не е таков тип на играч.
– Тој треба да игра во средината, да ги контролира нештата, да ги разигрува соиграчите, во тоа е добар. Не изгледа како да е добар играч за Јирген Клоп, нели? Мислам дека подобро би се снашол во тимот на Манчестер ЈУнајтед. Со двајца играчи во средината со дефанзивен играч од средината каде Тијаго ќе ја контролира средината, -изјави Сколс.

- Шпанијапред 17 часа
Фудбалерите на Реал со уште еден потег покажаа колку им значи клубот: Донеле заедничка одлука за…
- Италијапред 18 часа
Пандев веројатно ќе си оди, но друг Македонец ќе го замени и ќе заигра за Џенова од следната година
- АТПпред 15 часа
Ѓоковиќ откри кој е неговиот најголем сон: Не сакам да бидам неблагодарен…
- Англијапред 17 часа
Тухел презадоволен по победата над Сити испофали еден фудбалер: Го победивме најдобриот тим во Европа
- Англијапред 19 часа
Солскјер не се откажува и верува во чуда: Многу почудни работи се случиле досега
- Германијапред 21 час
Легендата на Баерн која го најави заминувањето на Флик: Стојам зад својот збор, знам кој ќе биде нов тренер
- Шпанијапред 15 часа
Нов проблем за Реал: Зидан нема да може да смета на уште еден важен играч за пресметката со Хетафе
- Англијапред 16 часа
Реал Мадрид го обновил интересот за фудбалер на Манчестер Сити