Поврзете се со нас

Англија

Сколс со пофалби за еден од најоцрнуваните играчи на Јунајтед: Одигра како најдобриот Гатузо! (Фото)

Објавено

на

Играчите на Манчестер Јунајтед ја завршија сезоната со освоен трофеј и успеја да донесат насмевка на лицата на навивачите, но и меѓу легендите на клубот кои во минатото се навикнаа да подигнуваат трофеи.

Тимот на Ерик Тен Хаг вчера изгледаше навистина зрело на „Вембли“ и му се реваншираше на Манчестер Сити за поразот во финалето пред една година, а еден од најактивните на социјалните мрежи по победата беше Пол Сколс.

Легендарниот играч за врска им одговараше на фановите преку Инстаграм Стори и даде два интересни коментари за двајца фудбалери на Јунајтед, кои мора да се напомене дека вчера одиграа брилијантно во средниот ред.

Софијан Амрабат го одигра најдобриот меч како играч на Манчестер Јунајтед, па бидејќи беше оцрнуван цела сезона за своите перформанси, коментарот на Сколс навистина привлече големо внимание.

– Одигра како најдобриот Гатузо денеска, – порача Сколс, кој не штедеше комплименти и за Коби Маино.

– Прочитав многу споредби меѓу мене и него во изминатиот период. Заштедете си го времето, ова момче е 10 пати подобар од мене на таа возраст. Уживам како ја прима топката, ме фасцинира неговата смиреност и головите кои ги постигнува на големите натпревари. Момчето е специјално и тоа е е..но црвен!, – порача Сколс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни