Поврзете се со нас

Англија

Сколс шокиран од заклучокот на Тухел: Дефинитивно гледал друг натпревар!

Објавено

на

blank

Додека Оле Гунар Солскјер се жалеше дека Манчестер Јунајтед бил сериозно оштетен од судијата на големото дерби против Челси, Томас Тухел беше задоволен од ремито и истото го посочи како најреален исход, со напомена дека вчера гледавме пресметка меѓу два силни тима кои понудија квалитетен фудбал.

Терминот „квалитетен фудбал“ посебно му привлече внимание на легендарниот Пол Сколс, кој во обидот да долови колку лош квалитет на фудбал гледавме на дербито на „Стемфорд Бриџ“, како пример издвои две големи ѕвезди на Манчестер Јунајтед.

– Ова беше исклучително квалитетен меч меѓу два силни тима. Ние страдавме во првото полувреме, но целокупно гледано, ова беше израмнет меч и ремито е реално. На моменти бевме блиску до победа, но имаше премногу квалитет на теренот и на крајот силите беа израмнети, – изјави Германецот кој го предводи Челси.

– Искрено, јас мислам дека Тухел гледал друг натпревар на својот АјПад од клупата. Кога вели дека ова беше натпревар со голем квалитет, мора да се шегува.

– Јас не видов ниту малку квалитет за време на дербито. Имаше огромен број на ситуации кога играчите се изборија за добри позиции, а потоа потфрлија со лоши пасови и завршници. Тоа не може да биде добро. Скот МекТоминеј, Бруно Фернандеш. Квалитет во смисла на фудбалери имаше, но тие не го покажаа квалитетот на теренот и ова не беше квалитетен натпревар, – нагласи Сколс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни