Сколс се исповеда: Бев дебел и пиев алкохол во четврток, петок, сабота….

genting

Пол Сколс секогаш е брутално искрен при давањето изјави на секоја тема, па иако во последно време добива и одредени критики за прежестоките коментари кои ги има кон Жозе Мурињо и кон играчите на Манчестер Јунајтед, легендата на „ѓаволите“ нема проблем да се соочи со било каква ситуација.

Сколс беше пргав како играч и во тој стил продолжува и по крајот на играчката кариера, а покрај тоа што ја посочи најголемата грешка на Жозе Мурињо, во интервјуто за „ЕСПН“ се исповеда и проговори за неприфатливите навики кои ги имал пред да започне да игра фудбал на професионално ниво.

– Многу пиев, бев дебел и беше потребно многу работа за да се вратам во форма и да излезам од таа лоша атмосфера на која се навикнав. Бев тежок во детството, знаев да пијам во четврток, петок, сабота, недела и понекогаш во понеделник. Пиев и на ноќта пред важен натпревар. Бев дел од друштво кое одеше на натпреварите и кое пиеше во автобусот додека се стигне на стадионот. Бевме дел од работничката класа и уживавме во нашиот начин на гледање фудбал. Знам дека тоа се уште се случува и имам пријатели кои одат така на натпреварите. Би сакал да одам со нив, да бидам повторно нормален фан, но мислам дека тоа нема да биде лесно, – потенцира Сколс.

Facebook Коментари