Поврзете се со нас

Англија

Сколс разочаран од еден фудбалер на Манчестер Јунајтед: Јас сум негов голем фан, но мора да се промени

Објавено

на

Манчестер Јунајтед имаше уште еден шокантен и блед настап, овојпат на гостувањето во Истанбул кај Башакшехир каде загуби со 2:1.

Избраниците на Оле Гунар Солскјер повторно изгледаа лошо на теренот и со право не стигнаа до позитивен резултат против тимот за кого ова е прва сезона во Лигата на шампионите и историска победа во најелитното европско натпреварување.

Пол Сколс кој беше во студиото на „БиТи Спорт“ истакна дека е разочаран од однесувањето на Антони Марсијал кој буквално одел по теренот. Според Сколс, Марсијал морал постојано да трча за да ја пронајде вистинската позиција, а тој не го правел тоа.

– Јас сум голем фан на Антони Марсијал, но кога и да го погледнев тој одеше на теренот. Мора да сфати дека како напаѓач мора да се движиш брз за да постигнеш погодок. Не можеш само да се шеткаш по теренот пред двајца централни дефанзивци и да не правиш ништо.

– Кога играч од средината на теренот ќе ја имаше топката го гледав како си оди, а Рашфорд доаѓаше по топката, тоа не е негова сила. Понекогаш поискусните играчи како Матиќ мора да му кажат, постојано му треба советување во текто на натпреварот, -изјави Сколс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни