Англија
Сколс: Рашфорд постави стандарди кои не може да ги исполни, ова е крај за него во Јунајтед!
Драмата „Маркус Рашфорд“ беше иницирана од Рубен Аморим кој реши да го изостави од тимот кој отпатува на локалното гостување на „Итихад“, но истата доби поголемо значење откако самиот напаѓач вчера соопшти дека е подготвен за заминување.
Неколку часа по информацијата дека е ставен на трансфер листата уште за јануарскиот преоден рок, англискиот репрезентативец соопшти дека е отворен за ново поглавје и нов предизвик во кариерата, што секако е своевидна најава за заминување од „Олд Трафорд“.
Иако станува збор за играч кој е продукт на Академијата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс верува дека ова е вистински момент за разделба, особено поради фактот што Рашфорд не игра на потребното ниво речиси две години.
– Ова е крајот за него во Јунајтед, тој не изгледа среќно и мислам дека тука доаѓа крајот……, – вели Сколс во обраќањето за „Оверлап“ шоуто.
– Тој не е среќен дури и кога постигнува гол. Кога ќе го видите како изгледа, се прашувате што не е во ред со него. Не знам дали добива правилна поддршка, никој не може да знае со сигурност што се случува, но тоа што беше изоставен се јасен сигнал за него. Одлуките кои ги носи на теренот и надвор од теренот не се добри, а фудбалот е немилосрден.
– Мразам кога си заминуваа локални момчиња кои произлегле од Академијата, а особено кога се работи за толку талентиран играч. Маркус беше извонреден пред две години кога постигна 30 голови, но никогаш повторно не го понуди тоа ниво. Тој постави стандарди кои не може да ги исполни, не е ниту блиску до тоа што треба да биде еден играч на Јунајтед, – заклучува Сколс.
-
Англија20 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП14 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија12 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација15 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија13 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Македонија22 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Германија17 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија13 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…