Англија
Сколс прозва еден фудбалер, па заклучи: Јунајтед стана гробница за менаџери

Пол Сколс е против отказ за Ерик Тен Хаг и покрај ужасната серија на резултати во која влезе тимот од стартот на сезоната, но легендата на клубот и во таква ситуација не отстапува од своите анализи и ги потенцира најслабите алки во тимот.
Поранешниот играч за врска има доста критики за Рафаел Варан за кого смета дека не е ниту бледа сенка на играчот од Реал Мадрид, меѓутоа го нагласи и генерално лошиот баланс на тимот како главна причина за разочарувачките резултати во последно време.
– Тен Хаг нема стандардна четворка во дефанзивата и тоа му е проблем. Тој сака брзи играчи кои можат да ја изнесат топката, но тоа веќе не може да го добие од Варан. Тој беше симбол за брз фудбалер во одбраната, но сега изгледа како играч кој ги загубил нозете. Многу играчи се неконстантни и тоа е проблем за менаџерот.
– Јунајтед полека се претвори во гробница за менаџери, особено во нивната втора сезона. Лани почувствуваме дека има напредок, но со истиот синдром се соочува и Тен Хаг. Тој се обиде да го примени убавиот фудбал од Ајакс, но брзо сфати дека овие играчи не се доволно добри за тоа. Покрај тоа, од стартот на сезоната не може да смета и на Рашфорд. Тој е во многу лоша форма и балансот во тимот е навистина многу лош.
– Не е до менаџерот, едноставно премногу играчи се во лоша форма. Тој го донесе Мејсон Маунт за да биде важен во средниот ред, но целиот баланс на тимот е многу лош. Со Мејсон на теренот, тимот изгледа премногу отворен во средината и не гледам како би се поправило тоа во овој момент, – вели Сколс.
-
Англијапред 21 час
Гвардиола за контроверзниот момент на дербито: Не можам да го разберам потегот на судијата (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Кин за врската со Фергусон: Зошто да имам добар однос со некој кој ве фрла под автобус?
-
Англијапред 8 часа
Гвардиола имал „Ван Гал момент“ по голот на Кулушевски (Фото)
-
Англијапред 23 часа
Хау ја посочи најлошата вест од победата над Јунајтед
-
Англијапред 18 часа
Контроверзната судиска одлука го испровоцира: Халанд беснееше на теренот, па продолжи на социјалните мрежи
-
Италијапред 19 часа
Мурињо ја доби „војната“ со Берарди и Сасуоло и упати една уште една провокација до ривалот
-
Францијапред 22 часа
Луис Енрике: Јас сум одговорен за црвениот картон на Донарума
-
Англијапред 21 час
Тен Хаг образложи зошто бесно викаше кон еден свој фудбалер: Тоа беше порака до целиот тим (Видео)