Англија
Сколс прифати тежок предизвик и ги избра петте најдобри играчи во историјата на Јунајтед

Пол Сколс одбележа една незаборавна фудбалска ера на „Олд Трафорд“ и со константните изданија си обезбеди статус на легенда во клубот, а бидејќи настапуваше за Манчестер Јунајтед околу две децении, имаше можност да игра со голем број ѕвезди.
Неповторливиот играч за врска и ден денеска важи за еден од најдобрите во историјата на Премиер лигата, но во последното интервју за „Дејли мејл“, доби за задача да ги избере петте најдобри фудбалери кои некогаш го облекле црвениот дрес на Јунајтед.
За да не прави нереални слики, Сколс се одлучи да бира само од играчи со кои ја делел соблекувалната, а во топ пет на Сколси се најдоа Ерик Кантона, Брајан Робсон, Рој Кин, Вејн Руни и Рајан Гикс.
– Ќе ви ги кажам моите топ пет најдобри играчи на Манчестер Јунајтед во историјата. Ова е многу тешко да се направи, но ќе се обидам. На петто место го ставам Ерик Кантона. Играв со него една или две сезони, но тој имаше неверојатно влијание врз клубот. Беше сензационален играч, тој беше алката која недостасуваше на тимот кој потоа почна да освојува титули.
– Четврти е Брајан Робсон, тој беше еден од моите херои додека растев. Бев доволно среќен да заиграме заедно на крајот од неговата кариера. Тој е пример за тоа како треба да изгледа еден играч за врска на Јунајтед, можеше да направи се на теренот, – вели Сколс за играчот кој најдолго ја носел капитенската лента во историјата на Јунајтед.
– Трет во мојот избор е Рој Кин, тој направи се за овој клуб. Тој беше наш капитен, но и менаџер кога тоа беше потребно на теренот. Тој правеше се, буквално се. Помагаше во одбрана, во напад и влијаеше на секаков начин во средниот ред.
– На второ место е Вејн Руни, тој беше возбудлив и неверојатен фудбалер. Имаше сурова моќ, неговата техника беше сензационална и имаше брилијантен голгетерски рекорд. Имав среќа да играм со него навистина многу долго.
– Број еден……. За мене тоа е Рајан Гигс. Тоа што тој го направи за клубот од 17-та до 40-та година е извонредно. Како младо крило, тој прелетуваше крај противниците, ги палеше навивачите и ги менуваше натпреварите за нас. Како повозрасен, стана централен играч за врска и беше идентично влијателен како крило. Затоа сметам дека е број еден, – потенцира Сколс.
-
Лига на нации18 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
АТП17 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
Лига на нации19 часа
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Македонија14 часа
Шкупи покажа класа со двете одлуки кои ги донесе за трагично загинатиот Лазаров (Фото)
-
Репрезентација9 часа
Миовски е автор на вториот најатрактивен гол во квалификациите за СП (ВИДЕО)
-
Лига на нации18 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)
-
Лига на нации18 часа
Франција го најави пресвртот против Хрватска со гол каков немаше постигнато цели 18 години (Видео)
-
Репрезентација6 часа
ФФМ: Масев е разрешен, случајот го оставаме на органите на државата!