Англија
Сколс предложи двајца напаѓачи кои би биле одлична замена за Роналдо

Пол Сколс го избра Касемиро како перфектен фудбалер од актуелниот тим на Манчестер Јунајтед со кој би функционирал во средниот ред, но покра ова, легендата на „ѓаволите“ ја отвори и темата која сигурно ќе биде доста аткуелна по крајот на Светското првенство.
Заминувањето на Кристијано Роналдо значи дека Јунајтед ќе има една опција помалку во нападот, а Сколс смета дека не би било лошо доколку клубот реагира навреме и му ја упропасти работата на Челси кој се верува дека има преддоговор со Кристофер Нкунку.
– Јас би тргнал по момчето кое е во Ред Бул Лајпциг, играчот кој се поврзува со Челси. Нкунку е добар централен напаѓач и тоа е позиција која ќе мора да ја пополниме.
– Ги имаме Марсијал и Рашфорд како опции, но сметам дека двајцата повеќе сакаат да бидат како крила. Јануари мислам дека ќе биде пребрзо за да се донесе замена за Роналдо, најверојатно би почекале до лето. Сметам дека има играчи кои можат да се донесат во нападот.
– Тука е и момчето од ПСВ, Гакпо. Тој е многу добар за Холандија на Светското првенство и знам дека Тен Хаг е заинтересиран за него уште од претходно. Има играчи кои можат да бидат интересни, но сметам дека јануари е тежок месец за правење бизниси, – вели Сколс.
-
Светпред 20 часа
Фановите на Реал на големо ја прославија победата на Ал Хилал: Причина е Артуро Видал (Видео)
-
Шпанијапред 11 часа
Најдобриот играч на Реал од првиот дел од сезоната: Доживеав пад, не сум истиот по мундијалот
-
Италијапред 19 часа
Демирал ќе собира финансиски средства со дрес од Роналдо: Разговарав со Кристијано (Фото)
-
Италијапред 20 часа
Влаховиќ го прекина долгиот пост од месец октомври и донесе победа за Јувентус (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Рио тврди: Бруно не можеше да се конектира со Роналдо, сега добро гледаме…
-
НБАпред 11 часа
ЛеБрон го собори рекордот на Абдул-Џабар, Лејкерс загубија во историската ноќ (Видео)
-
Шпанијапред 4 часа
Чуамени ги разочарал одговорните во Реал по враќањето од мундијалот
-
Шпанијапред 21 час
„Марка“ демантира: Перез точно знае кога ќе одлучува за иднината на Анчелоти