Англија
Сколс постави услов: Арсенал ќе ја освои титулата само во еден случај

Пол Сколс во својата анализа за големото дерби на „Емирејтс“ потенцираше дека Арсенал сосема заслужено остварил победа и ги освоил трите бода против неговиот Манчестер Јунајтед, но во најновото обраќање за продукцијата на Премиер лигата, фокус става на шампионските амбиции на „топчиите“.
Многумина сметаат дека Арсенал е зрел за прекин на долгогодишниот пост без титула од 2004-та година и дека оваа сезона ќе биде подобар од Манчестер Сити, но Сколс потенцира дека на крајот тоа ќе се случи само ако Артета добие уште најмалку две квалитетни засилувања.
Арсенал ги ангажираше Тросари и Кивиор, но според Сколс, клупата треба да биде уште посилна за вториот дел од сезоната кој секогаш е клучен.
– Кога создавате тим за да освојува титули, потребно е да имате сила и на клупата. Оние кои влегуваат, треба да бидат добри како оние на теренот. Кога Леандро Тросар влезе од клупа против Јунајтед, не почувствував дека Арсенал е ослабен.
– Кога тој го замени Мартинели, квалитетот остана и тој е одлично засилување за Артета. Уште две или три такви засилувања ќе бидат огромен плус за нив, ќе ја освојат титулата само во тој случај, – смета Сколс.
-
Англијапред 19 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Светпред 23 часа
Роналдо беснееше по промашените зицери, па конечно погоди од пенал (Видео)
-
Англијапред 20 часа
Мејсон Гринвуд ги „раскарал“ челниците на Манчестер Јунајтед: Судбината на фудбалерот неизвесна
-
Англијапред 23 часа
Потер пресече за трите нови играчи на списокот за ЛШ, најголем губитник е искусен напаѓач
-
Англијапред 22 часа
Гвардиола ја објасни разделбата со Кансело
-
Англијапред 19 часа
Артета откри дека долго го следел Жоржињо и посочи што тој ќе донесе во клубот
-
Италијапред 7 часа
Берлускони јавно го прозва Галијани по победата над Јувентус: Следниот чекор е многу голем
-
Шпанијапред 7 часа
ФИФА не го одобри трансферот на Барселона кој се случи во последен час