Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Сколс: Овој Јунајтед тешко би го победил и „комбинираниот“ Баерн

Објавено

на

Пол Сколс како поранешен играч на Манчестер Јунајтед имал улога на стручен коментатор на дуелот во Истанбул и ремито на премиерлигашот со Галатасарај.

Поранешниот англиски репрезентативец не е оптимист дека Јунајтед може да избори осминафинале, посебно што за такво нешто треба да го победи Баерн и да очекува реми на дуелот ФК Копенхаген-Галатасарај.

– Не сум сигурен дека сум гледал натпревар како овој. Се гледаше дека постои голема недисциплина на теренот.

– Тешко е да се победи на ваков начин на гостински терен, кога имаш предност од два гола треба да бидеш порелаксиран и посмирен.

– Не верувам дека Јунајтед може да го победи Баерн. Единствено што оди во прилог на екипата е што гостите може да играат со комбиниран состав, но дури и така ќе бидат квалитетен ривал, – рекол Сколс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни