Англија
Сколс образложи зошто Верон не успеа во Јунајтед
Пол Сколс цела своја играчка кариера ја мина во Манчестер Јунајтед и во еден момент се врати и од пензија за повторно да ја освои титулата во Премиер лигата, сето тоа по барање на легендарниот Сер Алекс Фергусон со кого имаше специјален и уникатен однос.
Сколс е еден од играчите кои најдобро го познаваат карактерот на Ферги и еден од оние кои ги имаат видено сите лица на Шкотланѓанецот, а поради долгиот стаж на „Олд Трафорд“, тој беше сведок и на многу големи трансфери, некои крајно успешни, а некои не толку.
Во оваа втората статистика за жал спаѓа и легендарниот Хуан Себастијан Верон, кој сепак не успеа да се снајде во шампионскиот тим на Јунајтед, без оглед на тоа што пристигна како огромно засилување.
– Сите знаат дека Верон беше брилијантен, навистина неверојатен фудбалер. Но, едноставно не му одговораше начинот на кој игравме, стартегијата не му одеше во прилог. Или игравме 4-4-1-1, или стандардно 4-4-2, – вели Сколси за Аргентинецот кој мина само две години на „Олд Трафорд“.
– Тоа беше многу едноставно, никогаш не беше 4-3-3, а тој беше фантастичен за таа формација. Тој систем не можеше да пројде со тројца играчи како мене, Верон и Рој Кин. Затоа не дојде до израз, – потенцира Сколс за „Би-Би-Си“.
-
Шпанијапред 17 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Англијапред 18 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Италијапред 20 часа
Инѕаги го поздрави противникот кој го потопи Интер: Постигна страшен гол (Видео)
-
Англијапред 21 час
Познати се паровите за 4.рунда во Карабао Купот: Дербито се игра на „Олд Трафорд“, Арсенал го очекува уште еден соседски предизвик (ФОТО)
-
НБАпред 18 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Англијапред 17 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
Италијапред 20 часа
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
Англијапред 19 часа
Клоп воодушевен од летното засилување кое продолжи да блеска: Уште од првата минута импресионира со својот пристап (Видео)