Поврзете се со нас

Англија

Сколс објасни зошто Бруно не смее да биде избран за играч на годината

Објавено

на

Бруно Фернандеш предизвика позитивен пресврт во играта на Манчестер Јунајтед и во изминатата година важи за убедливо најдобар играч во тимот на Оле Гунар Солскјер, но додека фановите на клубот се воодушевени од неговите партии, како најголем критичар на неговите настапи се издвојува човекот кој претходно ја носеше „18-та“ на „ѓаволите“.

Легендарниот Пол Сколс има сериозни забелешки за Португалецот поради фактот што не доаѓа до израз на дерби натпреварите во кои пресуден е квалитетот, па поради тоа, смета дека тој во ниту еден случај не смее да ја добие наградата за најдобар играч во Премиер лигата оваа натпреварувачка сезона.

– Тоа што Бруно му го донесе на овој тим на Јунајтед е специјално. Тој креира голови и шанси, постигнува голови, но не и на големите натпревари. Да, постигнува доста голови на другите натпревари, но не против големите тимови. Во Јунајтед доаѓате за да освојувате титули и да се борите со најдобрите. Тој е добар, но мора да има поголемо влијание на тесните натпревари.

– Мало оправдување е тоа што има двајца доста лоши стопери, па мора да мисли и на играта во одбрана и да ги покрие нив. Тоа е особено така на натпреварите против потешки противници, кога за ривали имаат одлични напаѓачи.

– Проблемот на Јунајтед е кај стоперите и тоа мора да се реши. Погледнете го Рубен Диас, Сити доби доминантен стопер кој може да ја изнесе топката. Сите тимови кои ја освоија титулата во последно време, имаа страшни стопери. Венсан Компани, Ван Дајк…. Да, Бруно треба да биде во потесен избор за играч на годината, но таа награда сепак треба да биде за играч кој игра во шампионскиот тим. Има неколку играчи на Манчестер Сити кои ги сместувам пред Бруно, – порача Сколс за „Оптус Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни