Поврзете се со нас

Англија

Сколс нема верба во еден сигурен стартер на Јунајтед: Преплашен сум до смрт со него

Објавено

на

Фановите на Манчестер Јунајтед влегуваат со позитивни мисли во новата натпреварувачка сезона, која за „ѓаволите“ ќе стартува претстојниот викенд со Комјунити Шилд финалето против Манчестер Сити.

Јунајтед беше активен и досега ги донесе Џошуа Зиркзе и Лени Јоро, но истовремено одлучи да му даде нова шанса на Џејдон Санчо кој му се извини на Ерик Тен Хаг.

Овие тројца фудбалери се засилувањата во овој летен период, но Пол Сколс смета дека тоа не е доволно и посочи дека тимот мора да се подобри на уште неколку позиции.

Легендарниот играч за врска гледа доста слабости во актуелниот тим на Тен Хаг, па покрај тоа што бара нов стопер, вели дека клубот треба да размислува и на нов голман.

– Слушам и гледам дека многу навивачи на Манчестер Јунајтед се возбудени за новата сезона. Јас не гледам така, јас влегувам со страдање. Се уште мислам дека има делови од теренот кои се проблематични. Новиот стопер веќе се повреди, Лисандро беше повреден цела мината сезона, на крајот се повреди и Мегваер. Веќе во тимот го нема Варан, а Линделоф исто така често се повредува.

– Се уште имам многу грижи и со голманот кој го имаме. Голманот ми носи големи грижи, дури и со некои голови кои ги прими во пресезоната. Преплашен сум до смрт со него, – вели Сколс за Андре Онана.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни