Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Сколс не е импресиониран од пресвртот на Јунајтед: Ако играат вака против Ливерпул и Сити….

Објавено

на

Пол Сколс како гостин во студиото на „Би-Ти Спорт“ беше еден од ретките фановите на Манчестер Јунајтед кои не беа воодушевени од фантастичниот пресврт против Аталанта режиран во второто полувреме (од 0:2 до 3:2), но според легендарниот играч за врска, тоа е така поради распоредот кој го има тимот на Оле Гунар Солскјер во Премиер лигата.

Претстојниов викенд Јунајтед игра против Ливерпул на „Олд Трафорд“, потоа игра со Тотенхем на гости, а после вториот меч со Аталанта во Италија, на почетокот на месец ноември ги чека градска пресметка со лутиот ривал Манчестер Сити, исто така на театарот на соништата.

– Ме фати возбуда после катастрофалното прво полувреме, но ако игравме против подобар тим, ќе бевме збришани и немаше да гледаме веќе фудбал. Да бидеме реални, на оваа Аталанта и недостасуваа пет стартери. На крајот сум возбуден како секој фан, но вакво издание е всушност загрижувачко.

– Никогаш нема да победиме со ваков пристап против подобар противник. На крајот испадна одлична ноќ, но првото полувреме е загрижувачко. За неутралните фанови ова беше одличен меч, полн со изненадувања и голови, но јас сум реален. Очекувам повеќе од Јунајтед, не смеат да дозволуваат толку шанси за противникот.

– Првото полувреме беше ужасно, катастрофално. На крајот се слави секоја победа и затоа некои ќе кажат дека сум мизерен. Но, јас гледам на она што следи. Играме со Ливерпул претстојниот викенд, а потоа и со Сити во ноември. Ако играме со двајца дефанзивни играчи за врска како против Аталанта (Фред и МекТоминеј), ќе губиме со 3 или 4:0 и ќе нема враќање назад, – порача Сколс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни