Поврзете се со нас

Англија

Сколс налутил ѕвезда на Јунајтед: Ми се јави и бараше да се соочиме…

Објавено

на

Пол Сколс не штеди критики за актуелните фудбалери на Манчестер Јунајтед и како клупска легенда на „црвените ѓаволи“ многу често има слични ставови и со мнозинството фанови кои се незадоволни од работата на клубот последните години.

Сколс на овој начин очигледно си создаде и одреден број „непријатели“ меѓу актуелните ѕвезди на клубот од „Олд Трафорд“, па сега открил дека една од нив побарала соочување очи в очи поради критиките испратени преку медиумите.

– Денешните фудбалери знаат да бидат многу осетливи.

– Годинава еден играч ме контактираше и изрази незадоволство од работите кои сум ги кажал за него.

– Побара да се сретнеме во тренинг центарот, јас му реков дека не е проблем и му го дадов бројот, но никогаш не ми се јави. Бев подготвен да се соочам, тоа сигурно немаше да биде пријатен разговор, но во клубот знаат дека секој што има проблем со мене, може да го добие телефонскиот број.

– Фудбалерите не треба да се грижат за нашите критики, треба да се грижат за замерките од менаџерот и клубот. Не сум ни сигурен колку актуелните фудбалери воопшто и не слушаат и гледаат во денешно време, – открил Сколс.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни