Поврзете се со нас

Англија

Сколс му препорачува на Аморим да употреби брутална стратегија со отпишаниот Рашфорд

Објавено

на

Маркус Рашфорд е далеку од времето кога беше голем идол меѓу легендите и навивачите на „Олд Трафорд“, но работата стана драстично подраматична за него во последните два месеци, во кои Рубен Аморим реши целосно да го „замрзне“ и да го ослободи од обврските на натпреварите.

Португалскиот стручњак презема навистина жесток метод при справувањето со Рашфорд и направи да го видиме и најлошото лице на напаѓачот, кој во прв момент се почувствува немоќно и најави дека е подготвен за нов предизвик во кариерата.

Со оглед на лошата форма која беше актуелна пред да исчезне од листите на Аморим, Рашфорд нема воопшто лесни околности во обидот да пронајде нов клуб, а бидејќи нема никаква позаначајна вест за негово заминување на три дена пред истекот на јануарскиот преоден рок, Пол Сколс му предоложи брутална стратегија на Аморим.

– Мислам дека Маркус изневери многу луѓе кои веруваа во него. Кога го велам ова, мислам на неговото однесување. Аморим како менаџер се обидува да ни пренесе дека Рашфорд не се однесува адекватно и професионално. Рашфорд веќе има 27 години, а очигледно е дека не тренира доволно професионално какошто треба.

– Не само што ги изневерува навивачите, со својот однос ги изневерува и соиграчите. Не одбива да игра на натпреварите, но со таков однос на тренинзите, како да сака да каже дека не сака да биде инволвиран.

– Поради тоа што ги изневерува соиграчите, мислам дека треба да биде отстранет од соблекувалната, треба да му биде забранет влезе во соблекувалната на првиот тим. Не остава добар пример за младите играчи во тимот, затоа сметам дека е подобро да си оди што е можно побрзо. Тоа е за негово добро, но и за добро на клубот, – завршува Сколс.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни