Поврзете се со нас

Англија

Сколс именуваше четворица играчи на Јунајтед кои можат да извисат во системот на Аморим

Објавено

на

Рубен Аморим во вторникот го одработи последниот натпревар на домашен терен како тренер на Спортинг, а сега пред завршното сценарио за португалскиот првак на гостувањето кај Брага, јавноста во Англија веќе се подготвува за она што следи од понеделник.

Португалецот ќе почне со работа во Карингтон центарот на 11-ти ноември, па со оглед на тоа што оваа вест е топ тема меѓу фановите на клубот веќе неколку дена, доста интересни за јавноста се и претпоставките и мислењата на поранешните легенди.

Пол Сколс го одобрува потегот на клубот за ангажман на амбициозниот млад стручњак, но во излагањето за „ТНТ Спортс“ ги именуваше и четворицата играчи кои може да извисат во системот на новиот менаџер.

Фудбалската филозофија на Аморим значително се темели врз страничните играчи во одбрана и во напад, па судејќи според тоа, Сколс смета дека проблематични можат да бидат Рашфорд, Гарначо, Мазрауи и Дало.

– Има тројца или четворица играчи во тимот кои не сакаат да прават валкана работа на теренот. Аморим ќе мора да ги натера да го прават тоа, или ова нема да заврши добро за играчите.

– Во средината има гаранција со Касемиро и Угарте, но гледам проблеми на страничните позиции. Аморим сака крила кои се враќаат назад и кои помагаат во одбрана. Во такви услови, не сум сигурен дека Рашфорд и Гарначо се добри за тој систем. Исто така, тој сака бекови кои се офанзивни, а Дало и Мазрауи не се баш добри во тој поглед, – анализира Сколс.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни