Поврзете се со нас

Англија

Сколс има кошмар од една премиерлигашка ѕвезда: Леташе крај мене, тој ме испрати во пензија

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Пол Сколс важи за еден од најдобрите играчи во историјата на Манчестер Јунајтед, не само поради титулите кои ги освои на „Олд Трафорд“, туку и поради значењето кое го имаше во системот на Сер Алекс Фергусон.

Сколс речиси две децении беше незаменлив во средината и одбележа една ера на театарот на сонишатата, но неговиот пример е специфичен и поради фактот што еднаш се пензионираше, а потоа се врати да доигра уште 18 месеци по инсистирање на Ферги.

Единаесет години подоцна, Сколс вели дека било грешка што ја одиграл и сезоната 2012/13, бидејќи уште во првото коло од споменатата кампања почувствувал дека е зрел за пензија.

– Мислев дека е крај кога првпат се повлеков од фудбалот. Сите знете што се случи, се вратив по барање на Фергусон. Првично се вратив за шест месеци, но менаџерот побара да останам уште една сезона и тоа беше грешка.

– Уште на првиот меч во последната сезона сфатив дека сум зрел за пензија, а причина беше Герет Бејл. Игравме против Тотенхем, не играв толку лошо, но не можев да направам ништо против Бејл. Тој едноставно леташе на теренот, се сеќаваме дека лесно ме мина два или три пати и знаев дека не можам да му парирам. Немав никаква шанса против него и тогаш се соочив со реалноста, – признава Сколс.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни