Поврзете се со нас

Англија

Сколс идентификуваше ист проблем во Јунајтед и Арсенал: Очајно им недостасува една клучна алка

Објавено

на

Манчестер Јунајтед и Арсенал ремизираа во натпревар кој беше од далеку поголема важност за „топчиите“, а конечниот резултат 1:1 остави измешани емоции во таборите на двата клуба.

Јунајтед може да жали за пропуштените шанси кое не ги реализираше во вториот дел, додека Арсенал не профитираше доволно од доминацијата која ја имаше на теренот кога е поседот во прашање.

Поделбата на бодовите уште еднаш сигнализираше дека на двата тима во моментов се покуси за елитен напаѓач кој може да завршува добри акции, а во тој поглед оди и анализата на легендарниот Пол Сколс.

– На двата тима очајно им е потребен напаѓач, тоа е клучна алка во еден голем тим. Разочарувачки беше да се гледа Зиркзе, навистина не знам дали игра како „9-ка“, или како „10-ка“.

– Навистина не сум сигурен каква корист има тимот од Зиркзе, а Расмус Хојлуд очигледно се уште има многу проблеми. Двата тима едноставно плачат за добар напаѓач во овој момент, мора да размислуваат во тој поглед за следната сезона, – посочува Сколс.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни