Англија
Сколс го впери прстот кон четири играчи кои се виновни за формата на Хојлунд: Не му помагаат на теренот!

Расмус Хојлунд пристигна во Манчестер Јунајтед за да биде прв напаѓач на Ерик Тен Хаг, но младото момче од Данска доби огромен товар во почетната фаза од новата авантура и засега има добри перформанси само во Лигата на шампионите.
Хојлунд постигна пет гола во најелитното натпреварување, а ниту еден во Премиер лигата, па иако многумина се и критички настроени кон најскапото засилување кое пристигна од Аталанта, легендите делуваат доста заштитнички кон него.
Пол Сколс се придодаде во оваа листа и пронајде четири виновници за слабата голгетерска форма на Хојлунд во домашното првенство, а според него тоа се капитенот Бруно, како и офанзивните крила Рашфорд, Антони и Гарначо.
– Хојлунд е големо и силно момче со страшна брзина, мене ми изгледа дека поседува се за да биде напаѓач од светска класа. Ги има движењата за да биде на врвно ниво. Едноставно детето има преголем притисок, се се чека од него, а во минатото во Јунајтед имало по тројца или четворица топ напаѓачи. На детето му е потребна помош, а не ја добива од соиграчите.
– Фернандеш треба да игра како „10-ка“ и да биде поблиску до него, мора да ми помогне, мора да се обиде да оформи партнерство со него. За жал, Хојлунд има фудбалери околу себе кои не центрираат кон него. Тој има паметни движења во шеснаесетникот, но не добива топки од соиграчите. Рашфрод сака да сврти од лево на десно и да шутне, Антони и Гарначо сакаат да бидат крилни голгетери и не додаваат во средина. Никој не ја врти топката во средина и тоа на му помага на Хојлунд. Мислам дека ќе има голема помош кога Лук Шо ќе се врати во тимот, тој е играч кој одлично центрира во шеснаесетникот, – вели Сколс.
-
Англијапред 20 часа
Гвардиола за контроверзниот момент на дербито: Не можам да го разберам потегот на судијата (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Кин за врската со Фергусон: Зошто да имам добар однос со некој кој ве фрла под автобус?
-
Англијапред 23 часа
Хау ја посочи најлошата вест од победата над Јунајтед
-
Англијапред 7 часа
Гвардиола имал „Ван Гал момент“ по голот на Кулушевски (Фото)
-
Англијапред 17 часа
Контроверзната судиска одлука го испровоцира: Халанд беснееше на теренот, па продолжи на социјалните мрежи
-
Шпанијапред 24 часа
Анчелоти: Валверде ужива на новата позиција на теренот
-
Италијапред 18 часа
Мурињо ја доби „војната“ со Берарди и Сасуоло и упати една уште една провокација до ривалот
-
Англијапред 20 часа
Тен Хаг образложи зошто бесно викаше кон еден свој фудбалер: Тоа беше порака до целиот тим (Видео)