Поврзете се со нас

Англија

Сколс го отпиша англискиот капитен за новата ера под водство на Тухел: Ова е почеток на крајот за него!

Објавено

на

Ли Карсли го одработи послдниот натпервар како привремен селектор на Англија и се одјави со победа над Ирска со резултат 5:0, натпревар на кој еден гол постигна и Хари Кејн.

Откако доби поштеда против Грција, напаѓачот на Баерн Минхен ги одигра сите 90 минути на „Вембли“ и беше прецизен од белата точка, па иако напаѓачот го одржува својот извонреден голгетерски просек оваа сезона, легендарниот Пол Сколс смета дека тој полека се губи во националниот тим.

Некогашниот играч за врска на Јунајтед смета дека играчите кои играат околу капитенот се пребрзи за него, па на последниот меч тој воочил како Кејн се губи во системот на репрезентацијата.

– Мене ова полека ми личи како крајот за Хари Кејн, како почеток на неговиот крај во репрезентацијата. Ми изгледаше како играч на кого не му е место во репрезентацијата.

– Кога станувате постар, чувствувате како одеднаш се станува побрзо околу вас, а мене Кејн ми изгледаше баш така против Ирска. Не знам кој би можел да го замени во стартниот тим на Англија, за тоа ќе одлучува Тухел, – вели Сколс.

Кејн во јули наполни 31 година и веќе некое време ја носи капитенската лента на Англија, а дали тоа ќе остане така и по доаѓате на Тухел, само времето ќе покаже. Кога е неговиот голгетерски ефект во прашање, Кејн игра извонредно добро во Баерн и оваа сезона, бидејќи на 16 натпревари запиша 17 гола, а подели и 9 асистенции.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни